ХЕМОРОИДИ

Третман


Постојат неколку различни начини за лекување на хемороидите.

Исхрана

Исхрана

Ако имате хемороиди, консумирајте храна која е богата со диететски влакна за да не ви се стврдне столицата. Храната што е богата со диететски влакна вклучува свежо и суво овошје, зеленчук и житарки. Препорачаниот дневен внес на влакна е 20-30 g. Погрижете се да пиете доволно течности, најмалку седум до осум чаши вода дневно. Се препорачува и употреба на лаксативи. 

Лекови

Лекови

Производите кои се користат за третман на хемороиди се достапни во вид на масти, креми, гелови, супозитории, пени и влошки, кои главно делуваат на површината на кожата. Веноактивните лекови во форма на таблети, од друга страна имаат противвоспалително дејство. Мастите, кремите и геловите треба да се нанесуваат во тенок, површински слој, околу надворешноста на анусот.  Кога се нанесуваат во внатрешноста на аналниот канал, овие производи треба да се вметнат со прст или со апликатор. Најефикасните апликатори се оние кои се перфорирани на страните како и на крајот. Пред вметнувањето, апликаторите треба да се подмачкаат со маст.

Флебавен е погоден за пациенти со акутна хемороидална болест.

Лаксативи

Лаксативи

Лаксативи или омекнувачи на столицата може да помогнат, но штом постојат хемороиди, меката столица може да предизвика воспаление и/или инфекција на анусот. Може да се советувате со вашиот лекар и фармацевт во однос на нивната употреба.

Склеротерапија

Склеротерапија

Склеротерапијата е една од најстарите форми на третман на хемороиди. За време на склеротерапијата, се инјектира течност (фенол или кининска уреа) во вената. Притоа настанува венска тромбоза, потоа вената започнува да се воспалува и на крајот вената се претвора во лузна и се затвора. Склеротерапијата може да биде проследена со болка, но болката главно се смирува во период од еден ден. Симптомите на хемороидите често се враќаат по неколку години и за нив може да биде потребен дополнителен третман.