СОВЕТИ

Дали чувствувате тежина во вашите нозе? Погледнете што можете да направите во врска со тоа.


Дали чувствувате тежина во вашите нозе?

Кога на крајот од денот се чувствувате како да имате закачени тегови од 5 килограми на нозете, вашата прва мисла е дека сигурно сте ги напрегале некако во текот на денот. Веројатно нема да се посомневате дека станува збор за првите симптоми на хронична венска болест.

Сепак, слабиот венски проток на крв е она што предизвикува чувство на тежина во нозете. Тоа е знак дека треба да делувате веднаш!

Продолжените периоди на стоење ги оптоваруваат вашите вени

Вените ја туркаат крвта назад кон срцето и белите дробови, каде што се врзува за кислородот. Продолжените периоди на стоење се огромно оптоварување на вашите вени. При останатите позиции на телото, овој вид на оптоварување е до 10 пати помал. Исправената положба на телото ја поттикнува крвта да тече надолу. Гравитацијата го тера телото да работи понапорно за да ја пумпа крвта што е насобрана во стапалата назад до срцето, што е растојание од околу 1,5 m.

Мускулите на потколеницата помагаат во оваа задача. Додека се шират и се собираат тие функционираат како пумпи за крв. Ним им помагаат венските залистоци. Ако венските залистоци и вените се силни, нема причина за загриженост. Проблемите почнуваат да се појавуваат откако ќе се прошират вените и ќе ослабат залистоците. Неефикасното венско враќање на крвта доведува до чувство на тежина во нозете.

Цената на модерниот комфор

Последиците од нашиот модерен начин на живот, кои се удобни, но помалку активни, најмногу ги чувствуваат нашите вени. Прогресивно послаба циркулација на крвта значи дека крвта се насобира во вените, ѕидовите на вените се шират и венските залистоци повеќе не можат да ја си вршат својата функција.

Отекувањето на нозете и чувството на тежина во нозете на крајот од денот се првите симптоми што ги доживувате на почетокот на оваа болест, но за жал, првите симптоми ретко се сфаќаат сериозно. Делувајте веднаш за да го спречите натамошниот развој на хроничната венска болест.

Вежбањето како прва превентивна мерка

Доколку имате семејна историја на оваа болест, раното дејствување е уште поважно. Можете да го намалите ризикот од развој на хронична венска болест со менување на вашиот животен стил што е можно порано. Обидете се да избегнувате постојано стоење на подолги периоди. Ова може да биде тешко при некои видови на работа. Потсетувајте се редовно во текот на денот да ги активирате мускулите на потколеницата, да газите на прстите и да направите неколку чекори на прстите и петите.

Вклучете го вежбањето во вашата дневна рутина. Пливањето и возењето велосипед можеби се исклучително корисни, но пешачењето и јогата исто така помагаат. Доволно е само 20 минути пешачење дневно.

Масажа за промовирање на циркулацијата на крвта

Самомасажата е уште една многу корисна превентивна мерка.

Легнете на грб и наизменично масирајте ги двете нозе. Подигнете ја едната нога со рацете и почнете во близина на препоните, со лесен притисок придвижувајте се кон срцето.

Постепено движете ги рацете кон коленото, но притиснете со прстите нагоре.

Продолжете да ги движите рацете надолу, кон глуждовите. Завршете ја масажата со свиткување на глуждот.

Масирајте го секое стапало 1-2 минути и обидете се ова да ви премине во редовна ноќна рутина за здрави вени.

Дополнителни чекори за циркулација на крвта

  • Избегнувајте топли бањи, сауни и сончање. Во лето, повремено туширајте се со студена вода. Кога е жешко, нашите тела имаат тенденција да прават се што е потребно за да се оладат. За таа цел, вените се приближуваат до површината на кожата и се шират за да може вашата крв побрзо да се излади. Потењето дополнително ја лади крвта што дошла на површината на кожата и помага да се намали температурата на целото тело. Вените кои се доближуваат до површината на кожата се најоптоварени.
  • Носете удобна и широка облека. Сè што ги стега половината, препоните и бутовите ја попречува циркулацијата на крвта.
  • Престанете да пушитеПушењето го зголемува ризикот од развој на хронична венска болест. Само една цигара го запира протокот на крв до најмалите капилари во палецот на ногата во рок од неколку часа.
  • Контролирајте ја вашата телесна тежина. Прекумерната телесна тежина придонесува за зголемен притисок во вените, што предизвикува проширување на вените и ги оштетува венските залистоци.
  • Подигнете ги нозете неколку пати на ден.  Во идеални околности, треба да ги кревате нозете над срцето неколку пати на ден по околу 15 минути. Можете да го направите тоа така што ќе легнете и ќе ставите перници под нозете.
  • Немојте да ги прекрстувате нозете додека седите. Сè што го попречува слободниот проток на крв може да ја влоши хроничната венска болест.
  • Чувството на тежина и оток на нозете може значително да се олесни со носење на компресивни чорапи или еластични завои. Компресивните чорапи го намалуваат притисокот во нозете, особено кога стоите подолго време. Можете да ги носите во текот на денот.

Микронизираниот диосмин лекува прогресивни болести

Хроничната венска болест предизвикува многу грижи. Тоа е тип на болест која не се подобрува сама по себе.

Поради тоа што се работи за прогресивна болест, таа може силно да влијае на квалитетот на вашиот живот доколку не се лекува. Намалената физичка функција и кондиција што може да ја предизвика оваа болест може да доведе до емоционален стрес.

Флебавен може да помогне во ублажување на знаците и симптомите на хроничната венска болест, како што се болки во нозете, чувство на тежина во нозете, уморни и немирни нозе, грчеви во нозете, отекување на нозете и видливи промени на кожата. Овој лек содржи добро етаблиран флавоноид (диосмин) којшто ги зајакнува и штити вашите вени одвнатре. Диосминот во Флебавен е микронизиран, што ја зголемува неговата апсорпција, а со тоа ја зголемува и неговата ефикасност.

Како делува Флебавен?

  • Го зголемува венскиот тонус
  • Ја намалува капиларната пропустливост и отокот
  • Ја зголемува отпорноста на капиларите
  • Ја намалува вискозноста на крвта – подобра перфузија
  • Го подобрува протокот на лимфниот систем
  • Ја штити микроциркулацијата од воспалителни процеси. Значително ги намалува симптомите на хроничната венска болест како што се болки во нозете и чувство на тежина во нозете

Флебавен е достапен во форма на филм-обложени таблети од 500 mg и 1000 mg, кои може да се земаат еднаш дневно и се достапни по поприфатлива цена.