СОВЕТИ

Избор на вистинска храна за директно влијание врз напредокот на хроничната венска болест


Избор на вистинска храна за директно влијание врз напредокот на хроничната венска болест

Здравата и урамнотежена исхрана има многу позитивни ефекти врз развојот на различни хронични болести, но исхраната сама по себе не може да ги излечи. Може само да ја забави нивната прогресија и да ги ублажи нивните симптоми.

Евген Бенедик е специјалист за наука за храна и нутриционизам со докторат по Нутриционистички науки. Неговата работа се фокусира на нутриционистичките аспекти за спречување на хронични венски болести. Вработен е како специјалист по исхрана во Медицинскиот универзитетски центар Љубљана, на Катедрата за гастроентерологија, хепатологија и нутриционизам на Одделението за педијатрија. Тој е и доцент на Катедрата за наука и технологија за храна на Биотехничкиот факултет во Љубљана.

Златни правила на исхрана за здрави вени и целиот кардиоваскуларен систем

Следниве фактори се од големо значење при хроничната венска болест:

ТЕЛЕСНА ТЕЖИНА: Соодветната телесна тежина е клучна за оптимално функционирање на кардиоваскуларниот систем. Ова е најважниот фактор кој помага да се регулира и да се успори прогресијата на хроничната венска болест.

ВНЕС НА СОЛИ: Не консумирајте премногу сол. Прекумерното внесување на сол може да доведе до висок крвен притисок. Со конзумирање на две парчиња леб со салама или пршута и сирење, вие веќе сте го надминале дневниот препорачан внес на сол. Виршлите, пиците и коцките за супа, исто така имаат висока содржина на сол. Користете јодирана кујнска сол. 

БАЛАНСИРАНА ИСХРАНА: Вашата исхрана треба да вклучува јаглехидрати од цели зрна. Кога готвите тестенини, следете ги упатствата на пакувањето за времето на готвење (совршено сварените тестенини се „ал денте“). Вклучете големи количини на варен или свеж зеленчук и овошје во вашата исхрана. 

МАСТИ и МАСЛА: Мастите се смета дека не се корисни, но сепак тие се важен и неопходен дел од здравата исхрана. Обидете се да го ограничите внесувањето на заситени масти (претежно од животинско потекло) како што се чварки, мелено сало, сало, салама, виршли, паштети и слично на апсолутен минимум. Исто така, се препорачува да се држите подалеку од пилешката кожа и видливи делови од маснотии на друго месо. Користете растителни масла, како што е маслиново масло (исто така погодно за готвење) и ладно цедено масло од орев, ленено семе, коноп или семе од репка (тие не се погодни за готвење; користете ги во салати или како додаток на подготвената храна). 

ФЛАВОНОИДИ: Формирањето на слободни радикали се одвива постојано во клетките на нашите тела. Слободните радикали се агресивни молекули кои телото треба да ги неутрализира бидејќи може да имаат негативно влијание врз флексибилноста и здравјето на кардиоваскуларниот систем. Со консумирање на доволно антиоксиданси можеме да го спречиме стресот и воспалението на вените, одржувајќи ги здрави. Флавоноидите имаат исклучително корисно дејство врз кардиоваскуларниот систем. Имаат антиоксидативни, антиинфламаторни, антимикробни, антибактериски и антивирусни својства. Освен овие, тие имаат и многу други позитивни дејства врз здравјето и еластичноста на вените, а влијаат и врз составот на крвта. 

Покрај тоа, флавоноидите имаат важна улога во лекувањето на хроничната венска болест. Тие можат да се најдат во овие намирници:

ЛУК: Исклучително богат со флавоноиди. Се смета за домашна суперхрана поради нејзините антиоксидативни, антибактериски, антигабични и антивирусни својства. Во однос на хроничната венска болест, има значително влијание врз здравјето на вените, а исто така ја ублажува болката што е предизвикана од оваа болест.

ЗЕЛЕНИ ПИПЕРКИ: Содржат одредени флавоноиди со докажано благотворно дејство врз хроничната венска болест. 

ЦИТРУСНИ ОВОШЈА: Антиоксидативни својства и благотворно дејство на кардиоваскуларниот систем. 

КАЈЕНСКИ ПИПЕР: Сите зачини се исклучително богати со флавоноиди, вклучувајќи го и кајенскиот пипер. Различната храна содржи различни флавоноиди. Некои имаат поизразени антиоксидативни својства, додека други се повеќе антимикробни. 

ЧАЕВИ, ПИЈАЛАЦИ: Во нормални количини, чаевите не претставуваат проблем. Овошните сокови содржат премногу фруктоза и не се квалитетен додаток на здравата исхрана дури и ако се домашни. Лош избор се и газираните пијалоци и пијалоците со додаден шеќер. 

ВИНО: Содржи многу флавоноидни компоненти. Флавоноидите се присутни и во белото и во црвеното вино. Во споредба со белото вино, црвеното вино е побогато со биоактивни компоненти – тие се всушност причината за неговите црвени нијанси. 

Веноактивен лек од природно потекло кој содржи флавоноиди

Флебавен е ефикасен веноактивен лек од природно потекло кој содржи микронизиран диосмин. Диосминот се добива од незрели,мали и сушени портокали (Rutaceae aurantieae) карактеристични за Шпанија, Северна Африка и Кина. Ги зајакнува и штити вените одвнатре, го подобрува венскиот тонус и ја подобрува микроциркулацијата во вените. Флебавен ја ублажува болката во нозете, го намалува чувството на тежина и оток во нозете. 

При хроничната венска болест, која повеќе ги погодува жените отколку мажите, раното откривање и лекување се од најголема важност.

Веноактивните лекови се препорачуваат во третман на ХВБ. Флебавен е производ што се издава без рецепт и е ефикасен веноактивен лек од природно потекло. Содржи микронизиран диосмин, којшто ги зајакнува и штити вените одвнатре, го подобрува венскиот тонус и ја подобрува микроциркулацијата во вените. Флебавен ја ублажува болката во нозете, го намалува чувството на тежина во нозете и оток на нозете.

Овој лек е достапен во форма на филм-обложени таблети од 500 mg и 1000 mg. Со само една таблета дневно, Флебавен од 1000 mg овозможува поедноставна употреба и полесно придржување на пациентот кон третманот, по поприфатлива цена.