СОВЕТИ

Пешачење за здрави вени


Пешачењето е едноставна, но исклучително ефикасна активност која промовира здрави вени.

Се смета за една од најздравите форми на движење, достапна за секого. Кога одиме, мускулите на нашите нозе и карлицата се активираат. Со користење на стапови за планинарење, ги активираме мускулите на рацете, рамената и градите.

Пешачењето е активност што е погодна за сите возрасни групи, без разлика на физичката подготвеност на поединецот. Редовните прошетки може да ви помогнат да изгубите тежина, да одржите здрав крвен притисок и да ги зајакнете вашите коски и мускули.

Пешачењето ги прави вашите мускули посилни и ја подобрува циркулацијата на крвта. За време на пешачењето, овие мускули се собираат и се шират и им помагаат на вените и венските залистоци подобро да ја пумпаат венската крв назад кон срцето.

Без изговори: излезете на прошетка

Секоја физичка активност е подобра од немање на физичка активност. Дури и 75 минути неинтензивно вежбање неделно се покажало дека ја подобрува физичката подготвеност кај една група на претходно целосно неактивни жени. 

Постојат толку многу придобивки од пешачењето, што навистина нема добар изговор да не ги облечете чевлите за пешачење и да излезете надвор.

Редовни прошетки:

  • ја подобруваат циркулацијата на крвта,
  • влијаат на чувството на болка,
  • го подобруваат спиењето,
  • влијаат на нивото на шеќер во крвта,
  • ја подобруваат меморијата и менталната кондиција,
  • го подобруваат варењето,
  • спречуваат предвремено стареење,
  • го намалуваат стресот,
  • ги зајакнуваат коските,
  • го зајакнуваат имунолошкиот систем.

Пешачењето особено се препорачува кај луѓето кои веќе ги доживуваат првите симптоми на хронична венска болест – чувство на тешки нозе, болки во нозете и оток на нозете. Се препорачува и за оние кои поголемиот дел од денот го поминуваат во стоечка или седечка положба.

Пешачењето не го оптоварува вашето срце и не врши прекумерен притисок врз зглобовите.

30-минутни прошетки три до пет пати неделно

Каков вид на пешачење? Интензитетот на пешачењето треба да одговара на вашата физичка подготвеност – падините, зачестеноста и брзината влијаат на отчукувањата на срцето.

Колку пешачење дневно? Доколку сте почетник, доволно се 10 минути дневно. Се препорачува да пешачите најмалку половина час три до пет пати неделно. Со текот на времето, ќе можете да го зголемите темпото и да се справите со некои падини. Можете да си поставите лична цел од 10.000 чекори дневно. 

Мотивација: Кога нозете ви се тешки и болни, пешачењето изгледа како последното нешто што би сакале да го направите. Може да се обидете со само кратка прошетка. Ова е најважниот трик – малку по малку и што почесто, и ќе се навикнете на сите придобивки што ги носи пешачењето. Со тек на времето, ќе се изненадите кога ќе откриете дека ви недостасува прошетка во природа доколку немате време да го направите тоа.

Соодветни обувки: Носете удобни обувки со амортизација кои го олеснуваат одењето и не предизвикуваат прекумерен стрес на вашите зглобови.

Опуштени колкови: За време на пешачењето обидете се да ги одржувате колковите опуштени. Доколку пешачите со благо нишање, благодетите ќе ги почувствувате во ‘рбетот.

Веноактивни лекови за хронична венска болест

Кај хроничната венска болест, која повеќе ги погодува жените отколку мажите, од најголема важност се раното откривање и лекување. Веноактивни лекови се препорачуваат во третман на ХВБ. Флебавен е производ што се издава без рецепт и е ефикасен веноактивен лек од природно потекло. Содржи микронизиран диосмин, кој ги зајакнува и штити вените одвнатре, го подобрува венскиот тонус и ја промовира микроциркулацијата во вените. Флебавен ја ублажува болката во нозете, го намалува чувството на тешки нозе и отокот на нозете. Флебавен е достапен во форма на филм-обложени таблети од 500 mg и 1000 mg, кои може да се земаат еднаш дневно и се достапни по поприфатлива цена.